29 години без НАЈГОЛЕМИОТ, без Аиртон Сена! (ВИДЕО)

152

На денешен ден пред 29 години, на тој 1 мај 1994 година, се случи невидена катастрофа за спортот, за Формула 1. На тој ден пред речиси три децении, останавме без Аиртон Сена, иконата на спортот, иконата на Ф1. Некои велат бил најголемиот возач во Ф1 на сите времиња, некои велат дека ако тој ден не се случеше ужасниот судир во оградата на свиокот Тамбурело во Имола при брзина од 300 км на час, ни Михел Шумахер немаше да стане тоа што стана, барем во возачка смисла.

Никогаш непрежален од своите фанови, од оние кои навистина се разбираат во Ф1, од оние кои со него се поистоветуваа.

Секогаш беше на страната на вистината, имаше „судир“ со сите оние кои не мислеа како него, и секогаш беше во право. Бескомпромисен зад воланот, секогаш напред и секогаш побрзо.

Без Аиртон Сена, цели 29 години, како вчера да беше кога светот плачеше по својата икона.

Што ќе беше со Ф1 ако не беше таа ужасна смрт? Тоа никој не го знае.

ПретходноНашите тренери интернационалци: Катастрофа на Седло, нова брука на Мрме!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Чихат Арслан (Шкупи)