Бојан Крстевски: Силни противници, преку кои ќе се воиграме за евроквалификациите

265

Кошаркарската репрезентација на Македонија од 12 до 20 август ќе биде дел од олимпискиот претквалификациски циклус кој ќе се одржи во Талин, Естонија. На истиот покрај домаќинот, наши противници ќе бидат и репрезентациите на Израел односно Чешка.

Нашиот нациоален тим секако дека на овој турнир ќе има можност да се покаже во вистинско светло, и пред се да ја покаже моменталната форма и капацитет.

 “Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници.Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, селекцијата на Естонија. Но уште поголем квалитет се и Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што не чека во евроквалификациите. Да се воиграме уште подобро за новиот циклус во кој се бара место на Евробаскетот”– вели крилниот центар на нашиот национален тим Бојан Крстевски, по ждрепката на групите за олимписките претквалификации.

ПретходноЧешка, Естонија и Израел се противниците на Македонија во Талин
СледноДавидовски истуркан од патеката на трката во Португалија!