Еве зошто е „златна кокошка“: Агентите на фудбалерите на ПСЖ за една година инкасирале 40 милиони евра!

436

Францускиот првак ПСЖ минатата сезона поставил рекорд за најмногу исплатени провизии за менаџери на фудбалери кои се преселија во Париз.

Информациите за активностите на парижаните ги сподели Управата за финансиски надзор на фудбалските клубови. Според извештајот, од 1 јули 2021 година до 30 јуни 2022 година, ПСЖ исплатил 39,44 милиони евра само како провизија за агентите на фудбалерите.. За споредба Олимпик Марсеј и Монако заедно за истата цел имаат исплатено под 20 милиони евра.

Ова е рекордна сума за ПСЖ. Во сезоната 2017/18 за провизии беа потрошени 23,2 милиони, потоа 25,8 милиони, па 26,9 милиони и 28,45 милиони евра.

ПретходноЗа мизерниот потег Николиќ ќе добие жестока казна!
СледноРаботнички ја одбрани двојната круна: Шампионска победа во пет сета