МЗТ Скопје во продолжение на битката за одбрана на титулата со сигурност ќе биде без својот прв тренер, Драган Николиќ. Српскиот стратег направи мизерен потег, кој далеку треба да биде слика на човек кој води клубот како што е МЗТ Скопје.
На првата четвртфинална пресметка против Кожув, незадоволен од поради недосуден прекршок над Робев, влета на терен и го собори противничкиот играч спречувајќи напад на гостите. Николиќ мораше да го напушти теренот и остатокот од натпреварот да го помине во соблекувалната, исто како и Абу кој истрча од клупата.
Србинот сигурно нема да се спаси со еден меч суспензија, се очекува веќе утре комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да го изготви билтенот, а Николиќ да остане на „ладење“ најмногу седум меча. Во еден ваков случај неговото место ќе го земе Васко Атанасов, кој во отсуство на Николиќ се покажа како надежен тренер со голема визија и квалитети.