Марка: Реал го чека „пекол“ во Белград

540

Како ретко кога за еден меч од Евролигата во кошарка речиси цел континент е засегнат и со нетрпение чека да започне.

Тоа е третиот меч од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Партизан кој се игра во Белград и за кој очигледно дека ќе бидат обезбедени невидени сигурносни мерки како никогаш досега. Зошто? Поради настаните од вториот дуел, одигран во Мадрид, на кој двата тима беа дел од инцидент на теренот, односно тепачка по која следуваа суспензии на обете страни.

Сега, од таборот на Реал Мадрид стравуваат од некаква си одмазда од страна на навивачите на Партизан, кој во Арената во Белград ќе бидат присутни преку 20.000.

Кај „Кралевите“ буквално владее параноја од некаков си напад, па денешниот број на „Марка“ посвети цел текст на оваа тема.

Истиот се бави со невидените за ваков меч услови на гостите кои бараат огромно обезбедување околу хотелот каде ќе престојуваат, автобус кој ќе ја пречека експедицијата уште на пистата од аеродромот во Белград за да се нема контакт ниту на самиот аеродром со било кого, па се до играње и без публика, што секако нема да им биде дозволено. На играчите на Реал строго им се забранува напуштање на хотелот, а огромен проблем би претставувал и следниот момент. Доколку Реал победи на овој меч, кој се игра утре со почеток од 20:30, следниот дуел се игра в четврток исто така во Белград. Тоа значи дека шпанците ќе бидат присутни во Белград цели три дена, што е дополнителен товар за домаќинот, односно организаторот на дуелот, КК Партизан.

 

ПретходноКузмановски на прегледи во Германија!
СледноМартин Серафимов е четвртти најдобар изведувач на седмерци во квалификациите!