Мендеш со трансферот на Ансу Фати ќе го “финансира“ враќањето на Лео Меси во Барселона!

1613

И дефинитивно се знае дека Барселона сака да го врати Лео Меси на “Камп Ноу“. Тоа го сака и самиот Лео, кој не крие дека неговиот престој во Париз не го прави премногу среќен.

Но за да се случи ова, според правилата на финансискиот фер-плеј, Барса мора да продава, односно да заработи, па со тие пари да го врати Меси.

Па така сега спасот е менаџерот Жорге Мендеш, фамозниот Португалец кој може да донесе во касата на Барса како од шега 70 милиони евра.

Имено Мендеш има понуда до Барса вредна 70 милиони евра за евентуален трансфер на Ансу Фати во еден голем клуб од Премиерлигата.

Сега на потег е Барса, иако јасно е дека Хоан Лапорта и тренерот Чави Ернандез нема да имаат ништо против Фати да си замине за таа сума.

Се говори дека пред заминување се и Феран Торес и Гави, се со цел Меси да се врати во Барса.

ПретходноКунде ограбен за време на натпревар
СледноКузмановски на прегледи во Германија!