Митев скромен: Победата е заслуга на сите во тимот!

312

Марко Митев беше џокерот на Кирил Лазаров во одлучувачките моменти против Турција. Во самиот финиш постигна четири гола и беше причина за кам-бекот на Македонија и триумфот од 30-27.

Иако имаше клучна улога сепак Митев кој постигна пет гола од исто толку обиди по мечот беше скромен.

„Во ракометот нема поединци, ме радува што успеав да помогнам во овој триумф, но истиот е заслуга на сите во тимот“, рече Митев, а потоа додаде: 

„Во финишот сите заедно собравме сили за победнички печат на пласманот на Европското првенство. Не променивме ништо во играта во тие решавачки минути, беше истата од самиот почеток. Мотивот беше голем, бевме максимано сконцентрирани“.

Македонија по седми пат во низа, вкупно осми, ќе биде дел од едно Европско натпреварување. Домаќин ќе биде Германија.

ПретходноЛиверпул сака 19-годишен стопер на Бенфика, а Португалците им побарале 77 мил. фунти!
СледноХаланд стигна до 50 гола и урна рекорд стар 92 години!