Работнички ја одбрани двојната круна: Шампионска победа во пет сета

246

Одбојкарките на Работнички ја одбранија двојната круна на домашната сцена, откако во четвртиот финален меч од плеј-офот против Јанта Волеј вечерва славеа со 2:3 (20:25, 17:25, 25:19, 25:19, 5:15) на гостински терен и стигнаа до 3:1 во партии за нов шампионски наслов.

Избраничките на Душко Деспотовски одиграа уште еден шампионски меч, за кој во голема мера свој удел имаа и домашните одбојкарки предводени од Горан Јаневиќ. Работнички тргна силно и успеа да ги освои првите два сета и ширум да ја отвори вратата кон шампионскиот трон. Сепак, работите не одеа така „подмачкано“ во следните два сета, каде Јанта Волеј ја потврди својата сила и неслучајното место во големото финале.

Домашните одбојкарки возвратија двапати со по 25:19 и го однесоа мечот во „тај-брејк“. Таму уште од стартот Рабпотнички направи серија од 4:0 и беше јасно дека нема да дозволи ново оддолговлекување на одлуката за новиот шампион.

Стојанова со 21 поен ги предводеше девојките од Работнички до победа. Инаку, ова беше 16-та титула на Работнички на домашната сцена, која годинава беше зачинета и со 14-тиот трофеј во Купот на ОФМ.

ПретходноЕве зошто е „златна кокошка“: Агентите на фудбалерите на ПСЖ за една година инкасирале 40 милиони евра!
СледноАртета лично ќе ги предводи преговорите со Деклан Рајс