Во дербито на 30.коло, Шкупи со 0:2 славеше во Кратово, тимот од Чаир забележа важна победа. Гостите од Скопје одиграа навистина добро, тактички беа доста добри, и кога е така тогаш јасно е дека дел од заслугите одат кај тренерот, кај Чихат Арслан. Стратегот од Турција полека, но сигурно како да ги превзема работите во свои раце. Две важни победи во низа, со Брегалница дома (3:0) и со Силекс на гости (0:2), токму против ривалите за пласман во Европа.
Секако дека за генерален заклучок за работата на Арслан ќе дадеме по завршувањето на сезоната, или по мега – дербито со Шкендија кое е на програмата претстојниот викенд.
За ова коло, според „Спортмедиа“, токму Арслан е тренер на колото.