Ал Келаифи бесен на Аргентинецот: Меси и официјално суспендиран поради заминувањето на одмор во С. Арабија

662

Лионел Меси не се појави на тренингот вчера заедно со остатокот од тимот по поразот од Лориен во неделата со 1-3, затоа што аргентинската ѕвезда отпатува со семејството во Саудиска Арабија на краток одмор, поради што го навлече гневот кај претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Денеска од ПСЖ се огласија за непромислениот потег на Аргентинецот, кој во период од две недели ќе биде под суспензија.

„ПСЖ го суспендираше Лионел Меси на две недели, а казната стапува во сила веднаш. Се се случи бидејќи тој отпатува во Саудиска Арабија без дозвола”, пишуваат странските медиуми.

Лионел Меси повторно се најде на удар на навивачите, кои се чини дека се нетрпеливи да му истече договорот за да си замине од Париз на лето.

 

ПретходноНено Димитријевиќ со блескава партија и 24 поени го однесе Уникс Казан во ВТБ финалето!
Следно„Гробари“ со неверојатна кореографија и нова рекордна посетеност во Евролигата (ВИДЕО)