Арсенал со победа од 3:1 над Челзи се врати на првото место во англиската Премиер лига. Вечерва „топчиите“, конечно, победија по пост од 4 меча, додека Челзи ја продолжи агонијата.
Избраниците на Микел Артета мораа да го добијат овој меч за да останат во шампионска трка со Манчестер Сити. Челзи го претрпе четвртиот последователен пораз во лигата и се наоѓа на 12. место со 39 бодови, само 9 бода повеќе од тимовите кои се борат за опстанок.
Головите за Арсенал вечерва ги постигнаа Одегард (18’ и 31’) и Габриел Жезус (34’). Почесниот гол за гостите беше дело на младиот Мадуека во 65. минута.