Полицијата во Москва го идентификувала еден од напаѓачите на кошаркарот на ЦСКА (М), Алексеј Швед. Вчера во центарот на Москва, Швед беше брутално претепан од пет лица, а според информациите еден од напаѓачите е од Азербејџан.
Станува збор за Књаз Амирасланов. Во првите минути по објавувањето на веста за тепањето на Швед, овој човек отишол на вести и ги лајкувал коментарите, по што ја избришал својата профилна слика. Според информациите од извори на полицијата, причина за нападот врз Швед е поразот на ЦСКА од Локомотив Кубан во 7. натпревар од полуфиналната серија на плеј-офот на ВТБ Јунајтед поради што напаѓачите од групата изгубиле многу пари на обложување.
Како резултат на нападот, Швед доби сериозна повреда на главата.