Најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра на УС Опен. Последната пречка на враќање во САД е отстранета, иако пред неколку дена се чинеше дека нема надеж.
Во одлуката на кабинетот Џо Бајден се наведува дека ќе се укине условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот при влез во Соединетите Американски Држави.
„Од јануари 2021 година, бројот на починати од коронавирусот е намален за 95 отсто, а бројот на хоспитализирани пациенти е намален за 91 отсто. На глобално ниво, бројот на смртни случаи од коронавирусот е најнизок од почетокот на пандемијата. Благодарение на напорите на целата влада, рекорден број од 270.000.000 Американци примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид.
Денеска најавуваме дека нашата администрација ќе ги заврши сите барања поврзани со вакцината против Ковид 19 на 11 мај“, се вели во соопштението.