По поразот од Борнмут со 4:1, Лидс Јунајтед размислува да го отпушти сегашниот тренер Хави Грасија и да го именува искусниот Сем Алардајс во обидот да се спаси од испаѓање во финишот на сезоната во Премиер лигата.
Спортскиот директор Виктор Орта си замина, Лидс е на 17 место на табелата, веднаш над опасната зона но има исто бодови (по 30) со Нотингем кој е веднаш под нив во зоната за испаѓање.
Лидс пет меча по ред не знае за победа (едно реми), а во таа серија има четири порази вклучувајќи го и дебаклот од Ливерпул со 6:1.
До крајот има уште четири кола, а Лидс ќе игра со Манчестер Сити во гости, па Њукасл (дома), па Вест Хем (гости) и Тотенхем (дома).
Алардајс знае да го крене тимот кога е најпотребно, не му е прв пат, но, сепак, последниот ваков обид да спаси клуб беше во ВБА во 2020/21 меѓутоа не успеа и тие испаднаа во Чемпионшип.