Рускиот веб-сајт „Шампионат“ излезе со интересна приказна поврзана со клубови кои го носат името Динамо. Новинарите од оваа спортска интернет страница пренесуваат дека во светот постојат преку 150 фудбалски клубови кои го носат ова име (а преку 2000 вкупно спортски клубови). Ова име првпат се појавило во порнешниот Советски сојуз. Спортските клубови со ова име ги формирале поранешното КГБ како и Министерството за внатрешни работи. Најстариот фудбалски клуб оваа година прославува 100 години. Тоа е Динамо Москва.
Во превод Динамо значи „сила, моќ, енергија“…(од грчкиот збор „динамикс“).
Дополнително, „динамо“ е застарено име за генератор на еднонасочна струја, од мал уред прикачен на тркало за велосипед до многу гигантски механизми од првите индустриски машини од втората половина на 19 век.
Интересно, и двете од овие значења одекнаа во именувањето на фудбалските клубови.
Московски „Динамо“, тие од Киев, Минск и, на пример, Букурешт – сите биле формирани од агенциите за спроведување на законот и затоа се именувани така.
Но, Хјустон Дајнамо (Хјустон Динамо) од САД има такво име од друга причина: клубот е именуван по енергетската индустрија на градот. Исто така во САД има уште три клуба со слично име: Динамо Да Брава, Далас Дајнамо, Денвер Дајнамос.
Речиси е невозможно да се избројат сите клубови со име Динамо во Русија
Официјално, во Русија има најмалку 28 фудбалски клубови со име Динамо. Од познатите од Москва, Санкт Петербург, Брјанск и Ставропол до локални од Насир-Корт, Петушки или Зарајск. Речиси сите Динамо играат во градски или регионални лиги. Во професионалниот руски фудбал има 10 Динамо: по еден клуб во Премиер и Првата лига, а осум во Втората.
Којзнае уште колку аматерски клубови има со ова име.
ВО ХРВАТСКА, ГЕРМАНИЈА, АНГЛИЈА, ДУРИ И ВО АФРИКА…
Има и многу Динамо во Европа, во Хрватска, Србија, Англија, Германија, но и Африка!
Ако не е изненадување името Динамо во републиките од поранешниот СССР, вакви клубови има во многу други држави ширум светот – Германија, Хрватска, Србија па дури и во Африка.
Сепак, овој феномен сè уште може да се објасни. Само во Германија има 17 Динамо, а тоа се должи на влијанието на Советите во источниот дел на земјата.
Постојат три клуба Динамо во Англија – во градовите Лафборо, Шепшед и Мелбурн (да не се меша со австралискиот Мелбурн). Создавањето на првиот и третиот клуб бил инспириран од Динамо Москва за време на неговата повоената турнеја низ Обединетото Кралство во 1945 година.
Во Хрватска има 22 фудбалски клубови Динамо. Покрај познатиот „Динамо“ од Загреб, тука се и клубовите од Предвац, Окиќ, Опатија, Бабинец, Кутина, Гордињак и многу други градови и села.
Во Србија ги има четири меѓу кои попознати се Динамо од Врање и од Панчево, во БиХ има два, од Албанија е Динамо Тирана, во Чешка и Словачка по девет….
Има доста клубови со име Динамо во Африка (дури 16) како и на егзотични дестинации како на пример на Карибите (на Бахамите и Гвадалупе). Ако зборуваме за африкански клубови, тогаш повеќето од нив се нарекуваат Дајнамос – три клуба од Замбија, по два од Јужна Африка и Бенин, неколку од Того, по еден од Зимбабве, Боцвана, Бурунди, ДР Конго…
Има и Динамо во Јужна Америка – еден клуб од градот Алагоас во Бразил и друг од венецуелскиот Пуерто ла Круз.
ДИНАМО МОСКВА Е НАЈСТАР, СЛЕДУВААТ ОНИЕ ОД ТБИЛИСИ, КИЕВ; РИГА…
Динамо Москва е најстариот клуб со име Динамо, а на 18 април прослави 100 години. Хронолошки по ние е грузискиот Динамо Тбилиси (од 1925 година) украинскиот великан Динамо Киев (од 1925 година), следуваат Динамо Киев (1927), Динамо Рига (1940), Динамо Загреб (1945), Динамо Врање (1947), Динамо Букурешт и Динамо Минск (двата од 1948), Динамо Дрезден (1953)…