Познат е анимозитет на фудбалскиот југ и северот во Италија, посебно меѓу Наполи и Јувентус, иако реално ретко кој клуб во Италија го “мириса“ клубот од Торино, а се знае и зошто.
Во пресрет на утрешното гостување на Елмас и другарите во Удине каде утре ќе им биде доволен и бод за да ја “печатираат“ својата трета клупска титула и прва после 33 години, свој коментар имаше Аурели Де Лаурентис, првиот човек на наполитанците, кој секако дека не заборави да го “пецне“ Јуве:
“Мислам дека ние како клуб требаше да имаме повеќе титули, во неколку наврати завршувавме како втори зад Јувентус и ние секогаш ја освојувавме “титулата на чесноста“. Затоа ќе кажам дека нема почиста титула од оваа нашата“ посочи покрај другото газдата на Наполи.