Белградски Партизан вечерва го игра третиот натпревар од плеј-офот за фајнал-фор турнирот во Евролигата. Противник е Реал Мадрид, а атмосферата во салата „Штарк Арена“ повторно е за историја.
Според официјалните бројки, вечерва мечот го гледаат 20.091 гледач, што е нов рекорд на Евролигата.
Покрај посетата, вечерва „црно-белите“ воодушевија и со неверојатната кореографија.
𝒁𝒆𝒍𝒋𝒌𝒐 𝑶𝒃𝒓𝒂𝒅𝒐𝒗𝒊𝒄 pic.twitter.com/O8EV03TuHj
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 2, 2023