Фудбалерите на Барселона тешко, но успеаја да ја победат Осасуна на Камп Ноу со 1:0 во еден од двата денешни вечерни дуели во Ла Лига. Избраниците на Чави долго време се мачеа да го скршат отпорот на жилавиот ривал кој во Каталонија пристигна растеретено, но играше со играч помалку во најголемиот дел од натпреварот, поради исклучувањето на Херандо.
Единствениот гол за победа на Барселона дојде во 86. Минута, кога Жорди Алба стрелаше по додавањето на Де Јонг за 1:0. Претходно Левандовски погоди, но неговиот гол бше поништен поради офсајд.
Алмерија стигна до големи три бода против Елче на домашен терен славеjќи со 2:1, штое голем плус за нив во трката за опстанок.