Бутел Скопје продолжува со задржување на играчите. Раководството на клубот го продолжи договорот со десниот бек Кристијан Давитковски за уште две сезони.
Давитковски ја игра втората сезона, за него Бутел Скопје е вистинското место за напредок во неговата кариера.
„Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата“, изјави Давитковски по потпишувањето на новиот договор.