И дефинитивно заврши сезоната за тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.По она што го направи на мечот со Кожув, Дисциплинската комисија на КФСМ му ја одмери казната, а таа е 10 натпревари суспензија и плус парилна казна од 48.000 денари. Ова е една од највисоките казни во мак – баскетот која е изречена.
Да потсетиме дека Николиќ за време на натшреварот влета на паркетот и собори противнички играч.
Ова значи дека шампионот до крајот на сезоната, во која тој ја брани титулата, нема да биде предводен од својот стратег Гаги Николиќ.