Лоши вести од Германија. Имено како што и Вецлар потврди, пред помалку од еден час по лекарските прегледи, повредата на нашиот репрезентативец Филип Кузмановски нималку не е наивна. Имено станува збор за кинење на лигаментите на стапалото на десната нога па тоа мора да се реши со операција. Од таборот на неговиот клуб сега засега не излегуваат со прогнози колкава ќе биде паузата на нивниот играч.
Останува да се надеваме дека Кузмановски, како голем борец, ќе ја преброди оваа повреда и пак ќе за игра побрзо од очекувањата, во дресот на Македонија, секако и во дресот на неговиот Вецлар.
Да кажеме дека еден од нашите најдобри ракометари се повреди на неделниот меч со Турција во Скопје.