На Анчелоти му дојде преку глава за Бразил, испрати јасна порака!

596

Бразил не се прослави на Светското првенство во Катар, каде настапот заврши веќе во четврт-финалето, а очекувано Тите реши да си замине од селекторската функција.

Оваа репрезентација се уште не најде нов селектор, а Карло Анчелоти во последните месеци најмногу се поврзуваше со Бразил.

Сепак, иако Анчелоти пред неколку недели изјави дека негова главна цел е да остане во Реал Мадрид и да го испочитува договорот што го има со клубот, не престануваат шпекулациите дека на лето ќе биде избран за нов селектор на Бразил.

Бразилците пред неколку дена објавија дека Анчелоти и понатаму е првиот кандидат за преземање на репрезентацијата на таа земја, но дека дури има рок до 25 мај да се изјасни дали ќе потпише или нема да пиштише договор.

Изгледа дека Анчелоти веќе ги заврши тие шпекулации бидејќи јасно изјави дека сака да остане во Реал Мадрид и следната сезона.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека искусниот стратег е крајно лут поради медиумите во Бразил кои пишуваат дека има рок, а тој реши повторно да се огласи и да се обиде да стави крај на тие шпекулации.

„Нема да зборувам за мојата иднина, но приказните дека имам рок се глупости. Нема краен рок бидејќи никогаш не сум ни разговарал со никого за преземање на репрезентацијата на Бразил. Време е тие приказни да престанат“, рече Анчелоти.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид на уште една година и веќе неколку пати јасно стави до знаење дека сака да остане во тој клуб до крајот на договорот.

Италијанецот одлично си ја врши работата со Реал и се чини дека веќе е јасно дека Флорентино Перез нема намера да го менува тренерот на лето.

 

ПретходноТухел му се прикраде на Мане и му ги соблече шорцевите (ВИДЕО)
СледноКристијан Давитковски уште две години во десот на Бутел!