Извонреден настап на нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан во денешната „мајсторка“ во ВТБ лигата за пласман во големото финале. Во седмиот меѓусебен меч, во драматична завршница Уникс Казан на домашен терен славеше со 80-79 над екипата на Зенит и дојде до посакуваната четврта победа која го носи во големото финале.
Нене одигра фантастичен меч и заврши како најдобар поентер на мечот со 24 поени. Тој беше херојот на Уникс на патот до финалето, каде ќе ги чека пресметката со Локомотив Кубан, кој вчера ја елиминираше ЦСКА (М).
Димитријевиќ покрај 24 поени (8/10 за два, 1/4 за три, 5/6 слободни фрлања), имаше и 6 асистенции и 2 скока.