Онана на средба со раководството на Интер, се разгледуваат понудите од Англија

272

Претставниците на голманот Андре Онана се сретнаа со раководството на Интер за да разговараат за иднината на 27-годишниот фудбалер, а не е исклучен евентуален трансфер во Челзи.

Камерунскиот интернационалец минатото лето му се приклучи на миланскиот гигант од холандски Ајакс и веќе го привлече интересот на неколку клубови од Премиер лигата. Меѓу можните кандидати се и Челзи и Манчестер Јунајтед.

Онана тврди дека е среќен во Интер, но можно е да биде продаден за понуда поголема од 45 милиони евра.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: ОАЕ го преставија Данило Брестовац како нов селектор
СледноПартизан ја испушти првата „меч-топка“, Монако направи „брејк“ во Тел Авив