Партизан ја испушти првата „меч-топка“, Монако направи „брејк“ во Тел Авив

192

Белградски Партизан во третиот натпревар од плеј-офот во Евролигата не успеа да го победи Реал и да обезбеди место на Ф4 турнирот во Каунас. „Црно-белите“ вечерва беа поразени пред рекорден број гледачи во својата сала со 82:80, па во следниот меч на свој терен ќе се обидат да дојдат до големата цел.

Ален Смајлагиќ со 15 поени беше најефикасен кај Партизан, а ист број поени имаше и ЛеДеј. Кај Реал, Тавареш постигна 26 поени, а Вилијам-Гос застана на 22 поени.

Претходно, кошаркарите на Монако го совладаа Макаби во Тел Авив со 83:78 и сега водат со 2:1 во четвртфиналната серија од плеј-офот во Евролигата, која се игра до три победи.

Макаби донесе одлични 1:1 од Монте Карло, но вечерва Монако одигра одличен меч и во ниту еден момент не им даде шанса на домашните. Мајк Џејмс го предводеше Монако со 21 поен, а Лојд постигна 15. Четвртиот натпревар се игра задутре повторно во Тел Авив.

ПретходноОнана на средба со раководството на Интер, се разгледуваат понудите од Англија
СледноРБ Лајпциг го прегази Фрајбург за четврто финале во Купот на Германија