РБ Лајпциг по четврттипат во својата клупска историја ќе игра во големото финале од германскиот фудбалски куп. Вечерва на гостински терен против Фрајбург, тимот на Марко Розе успеа да го прегази домашниот состав со 5:1 и да си го обезбеди местото во финалниот меч, каде за противник ќе го добие подобриот од утрешниот дуел меѓу Штутгарт и Ајнтрахт (Ф).
Гостите издоминираа во првиот дел кога брзо успеа да направат недостижна предност. Олмо и Хенрихс за само две минути (13’ и 14’) успеаја да донесат водство за РБ Лајпциг од 2:0, а до полувреме мрежата на домашните се тресеше уште двапати.
Во вториот дел гостите останаа без Гвардиол кој доби црвен картон, па Фрајбург успеа да постигне почесен гол преку Грегорич во 75. минута. Сепак, гостинските фудбалери успеаја и петтипат да ја затресат домашната мрежа и под пенал со вториот гол на Унгарецот Собослаи да дојдат до високи 5:1.