Српскиот стручњак Игор Кокошков ќе го напушти стручниот штаб на Бруклин Нетс. Новиот тренер Џек Вон реши да ги смени своите соработници, па покрај Кокошков, тимот ќе го напуштат и Брајан Киф и Тијаго Сплитер.
Нетс не се единствените кои решија да направат промени во стручниот штаб, истото го направија Атланта, Торонто, Детроит и Хјустон.
Се шпекулира дека Кокошков или ќе бара работа во друг тим од НБА, или дека може да се врати на клупата на словенечката репрезентација, која моментално ја зазема Александар Секулиќ.
Кокошков беше првиот Европеец кој водел НБА тим како главен тренер. Пред неколку сезони го презеде Феникс Санс.