Полека, но сигурно се загрева атмосферата во пресрет на јунскиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 2024. Познато е дека нашата А-репрезентација на 16 јуни прво игра дома со Украина, за да три дена подоцна и тоа во Манчестер на “Олд Трафорд“ и гостува на Англија.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, вчера беше гостин на едно училиште во Лидс, каде покрај другото се осврна и на мечот со нашата репрезентација.
“Звучи чудно, но така е. Англија дома никогаш ја нема победено Македонија. Двапати сме играле на свој терен и двапати било нерешено. Како гости имаме две победи со по еден гол разлика. Да не заборавиме дека Македонија во баражот за СП ја елиминира една Италија, така да мораме да бидеме на највисоко ниво“ истакна Саутгејт.