Тухел му се прикраде на Мане и му ги соблече шорцевите (ВИДЕО)

553

Томас Тухел беше избран за нов тренер на Баерн пред нешто повеќе од еден месец, откако Нагелсман неочекувано доби отказ.

Се покажа дека тоа не беше најпаметен потег пред најважните натпревари во сезоната, бидејќи Тухел за толку краток период не успеа да ги оправда очекувањата на челниците на клубот, а на крајот изостанаа резултатите.

Сепак, јасно е дека Тухел сигурно ќе биде на клупата на клубот од Минхен и следната сезона, а сега се обидува да создаде подобар однос со играчите и да ја врати позитивната атмосфера во соблекувалната по турбулентен период.

А на последниот тренинг на Баерн најдобро се виде дека Тухел се труди да има добар и отворен однос со играчите, па дури е подготвен и за шега.

На социјалните мрежи се појави видео, а во центарот на вниманието покрај Тухел беше и Садио Мане.

Тухел беше фатен од камерата како се прикрадува зад Мане, а потоа ги изненади сите кога му ги соблече шорцевите на Сенегалецот и почна да се смее, а потоа побегна побрзо.

Се виде дека и Мане бил изненаден од потегот на својот тренер и не знае како да реагира бидејќи на почетокот не виде за кого се работи. Кога виде дека се Тухел и Мане само се насмеа, а тоа ги израдува навивачите кои веруваат дека тренерот на овој тим со вакви потези може да ја врати добрата атмосфера во тимот.

 

ПретходноБајден сепак попушти: Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра УС Опен!
СледноНа Анчелоти му дојде преку глава за Бразил, испрати јасна порака!