Ужас во Москва: Хулигани го претепале еден од најдобрите европски кошаркари

1380

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед, заврши во болница после напад на хулигани во Москва. Тоа го соопшти и неговиот клуб ЦСКА, кој беше доминантен во првиот дел од сезоната во ВТБ лигата, а потоа испадна во плеј-офот од Локомотива Кубањ.

Токму елиминацијата на трофејниот клуб е причината за нападот на Швед, кој потполно потфрли во полуфиналната серија. Засега не се откриени хулиганите, но руските медиуми на големо шпекулираат дека најдобриот стрелец на Евробаскетот 2017 е жртва на елиминацијата на ЦСКА.

Швед имал повреди на главата во нападот пред еден ресторан, а од таму е однесен во болница  но е во стабилна состојба и веќе дал изјава на полицијата.

Алексеј до декември ќе наполни 35 години, а играше за многу клубови меѓу кои и за оние од НБА, Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк, а шест сезони помина во Химки, па се врати во ЦСКА каде што и ја почна кариерата.

ПретходноВојдан: Дали и колку ќе бидеме конкурентни во Талин ќе зависи од нашиот состав!
СледноРеконструкција во Бруклин – Кокошков доби отказ!