Филип Лазаров го однесе Интерактив во повисок ранг!

495

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров ја исполни целта со Интерактив оваа сезона. На едно коло пред крајот неговиот тим го совлада Рефрат со 28-18 и пбезбеди пласман во Третата лига во Германија.

Македонскиот тренер не го криеше задоволството од големиот успех на тимот.

„Многу сум среќен и горд на мојот тим и сите вклучени во проектот. Можам само да им се заблагодарам на сите од се срце, играчите, тренерскиот тим и на целото семејство Шлиркамп за можноста да го тренирам овој тим. Мислам дека тимот имаше одлична сезона и на крајот заслужи промоција“, рече Филип Лазаров, кој со Интерактив на 25 меча немаат пораз.

ПретходноФановите на Партизан со пораки до кошаркарите на Реал: „Копилиња“, „Цигани“…(ФОТО)
СледноНа Ла Лига не и требаше многу време за да ја разочара Барса, ваквата одлука најмногу го погодува Меси!