Големото дерби на домашната ракометна сцена меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое веројатно ќе одлучи и за новиот ракометен шампион на Македонија ќе се одигра в сабота во Битола.
Како што потврдија од Ракометната федерација на Македонија, средбата вос алата „Боро Чурлевски“ ќе се одигра со почеток од 19 часот.
Дуелот за титулата ќе го суди нашиот најдобар судиски пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.