Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам пред неколку дена го посети тренингот на ПСЖ и се прости од играчите на клубот во кој настапуваше, а во центарот на вниманието беше неговата средба со Лионел Меси.
Бекс целосно го игнорираше Меси, кој ја подаде својата рака да се поздрави. Од друга страна, Бекам срдечно ги поздрави Серхи Рамос и Нејмар со кои разговараше неколку минути, додека на почетокот изгледаше дека навистина нема време за Меси.
I love how Beckham ignored Messi’s handshake💀😭 pic.twitter.com/JrlgZe2JLI
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) April 28, 2023
Потегот на Бекам не им се допадна на навивачите на Меси, кои луто го критикуваа Англичанецот на социјалните мрежи и му порачаа дека така не се третира најдобриот играч на сите времиња.
Сепак, сигурно е дека Бекам немал таква намера бидејќи се знае дека е голем фан на Меси, што многупати досега го докажал со објави на социјалните мрежи. Исто така, друго видео кое се појави јасно го докажа тоа.
Меси и Бекам подоцна срдечно се поздравија, а легендарниот играч за врска ја искористи приликата да му честита на Аргентинецот за Светското првенство со „гаучосите“ во Катар.
I LovE hOW bEcKHaM igNoREd MeSsi’s HaNdSHakE🤓🤓 https://t.co/NbcW42ARZV pic.twitter.com/xeFWdS0v90
— CFCBogasson (@FinBogasson11) April 29, 2023