Пандев за Наполи: Честитки за титулата, среќен сум за Елмас, посакувам следната година да ја освои ЛШ!

565

Само бод го дели Наполи од официјализирање на титулата во Серија А и тоа цели 33 години. Под Везув врие веќе неколку денови, се очекува в чеврток по гостувањето во Удине, тимот од Неапол да се врати со круната во својот град, официјално.

Горан Пандев, дел од својата фантастична кариера во Италија, ја минаи во Наполи, па секако дека му драго што неговиот Наполи ја освои титулата, секако и поради неговиот сонародник Елиф Елмас.

Гранде Пандев за медиумите покрај другото го кажа и ова за Наполи:

Наполи е мој поранешен клуб, и затоа им честитам на сите во клубот на шампионската титул, почнувајќи од претседателот, играчите, сиот персонал и се разбира тренерот Спалети кој е одличен струњчак. Таму минав три години, не го освоивме Скудетото, но кога го освоивме Купот беше големо славје, можам да претпоставам како е сега по титулата. Секако дека сум среќен за Елмас, искрено му посакувам следната година со Наполи да ја освои Лигата на Шампионите“ посочи Пандев.

ПретходноФрозиноне по четири години се врати во Серија А
СледноКФСМ му ја одмери казната: Десет натпревари суспензија за Николиќ и + 48.000 денари!