Македонската кошаркаска репрезентација ги доби противниците и градот каде ќе го игра претквалификацискиот за ОИ 2024 година.
Нашите кошаркари ќе играа во Талин (12. до 15. август), за противник ќе го имаат домаќинот, како и тимовите на Чешка и на Израел.
Федерацијата на Естонија одлучи натпреварите од овој турнир ќе се играат во Арената „Тондираба“. Ледената сала е повеќенаменски комплекс на затворена арена во главниот естонски град. Отворена е на 1. август 2014 година и е во сопственост на градот Талин. Има моментален капацитет од 7.700 гледачи.
Иако се води како „хокеарска“, оваа сала може да биде организатор, меѓу другото, и на кошаркарски натпревари, на кои во улога на домаќин е локалниот прволигаш Калев Крамо.