Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски не го доврши мечот против Турција, последен од квалификациите за пласман на ЕП 2024. Во 22. минута од натпреварот незгодно доскокна, болката беше голема, а нашиот ракометар со носилка беше изнесен од теренот.
Во текот на вчерашниот ден Вецлар излезе со првични информации, дека станува збор за скинати лигаменти на скочниот зглоб, но на снимката не може точно да се потврди колку ќе треба време да се врати на терените, дали ќе бидат две недели или нешто повеле.
Па токму затоа Кузмановски ќе мора да направи нова снимка на магнет за да се донесе прецизна дијагноза.