Нокаут за „росонерите“ вечерва во меч од Серија А и голем чекор назад во борбата за излез во Европа. Милан одигра 1:1 против претпоследниот Кремонезе на „Сан Сиро“ и направи чекор назад во трката за пласман во Топ 4.
Голот за водство на Кремонезе го постигна Окереке во 77 минута (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ), а спаси Раде Круниќ со голот во четвртата минута од судиското продолжение на мечот (ГОЛОТ НА КРУНИЌ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК).
Во Верона убедлив триумф на Интер од 0:6. Од 31 до 37 минута „нероаѕурите“ постигнаа три гола, отвори со автогол на Гаиш, потоа погодија Чалханоглу и Един Џеко.
Во второто полувреме прецизно стрелаа Џеко и два пати Мартинез за конечни 6:0.
Верона се бори за опстанок, а Интер освои важни бодови во борбата за пласман меѓу првите четири.
На другите натпревари Лацио славеше над Сасуоло со 2:0 со голови на Фелипе Андерсон и Тома Башиќ. Монца и Рома одиграа 1:1. Поведоа римјаните со гол на Ел Шарави, а изедначи Калдирола. Двата гола паднаа во првото полувреме.