Сосиедад го “реши“ Реал на “Аноета“, Барса пред шампионска промоција! (ВИДЕО)

200

Вечерва на “Аноета“ во Сан Себастијан, во меч од 33.коло во Ла Лига, Реал Сосиедад со 2:0 го совлада Реал Мадрид. Стрелци на головите беа Јапонецот Такефуса Кубо и Андер Баренечеа. Се играше 47.минута кога Кубо стрелаше а  претходно Едер Милитао направи невиден кикс, тоа Јапонецот одлично го искористи и не му беше тешко да ја затресе мрежата на Тибо Куртоа.

На 2:0 домашните зголемија во 85.минута преку Баренечеа. “Кралевите“ мечот го завршија со играч помалку откако Карвахал во 61.минута доби втор жолт, односно црвен картон.

Со овој пораз “кралевите“ на пет  кола до крајот се во минус од 14 бодови во однос на лидерот Барса, па така “каталонците“ се пред шампионска промоција. Веќе во следното коло Барса може да стави печат на титулата.

Од друга страна, со овие три бода составот на Сосиедад е на 4.место на табелата со +8 бодови во однос на Вилјареал во битката за пласман во Лига на Шампионите.

Тимот на Карло Анчелоти одигра далеку под своите можности, а ако се знае дека настапи без Бензема, Модриќ, Винициус, Алаба, Камавинга, тогаш се е јасно.

Реал сега сите сили ќе ги насочи кон финалето во Купот на Кралот против Осасуна и секако полуфиналето во ЛШ против Манчестер Сити. Битката за титулата во Ла Лига одамна е завршена.

ПретходноДончиќ со Далас ќе игра два меча против Минесота во Абу Даби
СледноНема доминација на Јокиќ, МВП признанието во рацете на Ембид!