Синоќешниот дуел од Премиер лигата помеѓу Арсенал и Челзи кое заврши со победа на „Топџиите“ од 3:1 неславно заврши за еден од домашните навивачи. Тој е уапсен поради употреба на ласер, што е строго забрането, со кој му попречувал на украинскиот интернационалец Микаило Мудрик во текот на мечот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, се работи за 21. годишен навивач кој секако покрај санкциите кои ќе ги добие што се однесува до законот, веројатно и извесен период нема да смее да посети било како спортски настан.