Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд поставува нови граници во светот на фудбалот. Вечерва со голот против Вест Хем стигна до бројката 35 гола во Премиер лигата но и до апсолутен рекорд.
Халанд, кој има само 22 години, е единствениот кој постигнал 35 гола во една сезона во најсилниот англиски ранг, а да потсетиме до крајот треба да се одиграат уште пет натпревари.
Норвешкиот бомбардер ги урна претходните рекорди на Енди Кол од 1993/94 и Алан Ширер од 1994/95, а двајцата тоа го направија во сезона со 42 кола.
ERLING HAALAND HAS BROKEN THE MOST GOALS SCORED IN A PREMIER LEAGUE SEASON HE IS SO GOOOODpic.twitter.com/YhlIGyng9B
— 17 (@DxBruyneSZN) May 3, 2023