Аеродром му подаде рака на ФК Вардар

5069

Во момеентите кога ФК Вардар ги доживува своите најтешки денови, кога беспарицата и катастрофалната состојба доведоа клубот да е со статус на второлигаш кој живурка од ден за ден, зрак на светлост пристигнува од Општина Аеродром.

Од таму денеска, по одржаниот состанок со претставниците на навивачката група Комити, е донесена одлука, едно од фудбалските игралишта кое се наоѓа на територијата на општината да му се стави на располагање на клубот, за понатамошно функционирање.

Се знае дека ФК Вардар кубури во моментов со услови за тренинг па Општина Аеродром и градоначалиникот Тимчо Муцунски ете, се едни од ретките кои во моментов се сетија на нашиот најтрофеен клуб.

ПретходноЛампард: Челзи имаше многу успеси, но повеќе не е така!
СледноПартизан и Реал Мадрид ќе играат, но без музика и забавна програма