Екипата на Атлетико Мадрид ја оправда фаворитската улога во дуелот со Кадиз и славеше со 5:1 на свој терен и со тоа направи скок на втората позиција на табелата со 69 бода по 33 одиграни кола и има бод повеќе од третопласираниот Реал Мадрид.
Атлетико стигна до 21 победа во шампионатот, а лидер е Барселона со 82 бода. Кадиз е на 15. место.
Инаку Гризман со два гола донесе водство на Атлетико од 2:0, а во второто полувреме погодија Мората, Караско (од пенал) и Молина. За Кадиз стрелаше Лозано за ублажување на поразот.
Во 57. минута судијата покажа пенал кој го реализира Караско, а тој пенал е прв за Атлетико после 35 меча!
Хетафе ја победи Селта со 1:0 и му го препушти претпоследното место на Еспањол. Голот вреден драгоцени бодови во борбата за опстанок го постигна Енес Унал од пенал во првото полувреме.
Претходно Валенсија и Виљареал одиграа 1:1. Гостите поведоа со голот на Џексон, а за домаќините изедначи Самуел Лино.