Ајнтрахт против РБ Лајпциг за трофејот од Купот на Германија

103

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт избори пласман во финалето на Купот на Германија откако вечерва го елиминира Штутгарт со 3:2. „Орлите“ од Франкфурт после пет години пауза ќе играат за престижниот трофеј, а севкупно по деветти пат се во финалето.

Да потсетиме пет пати го освојувале трофејот, а последен пат во 2018 година.
Инаку Штутгарт поведе со голот на Томас во 19. минута, па „швабите“ водеа и на полувреме, а во вториот дел во период од само четири минути комплетен пресврт.
Ндика во 51. и Камада во 55. минута обезбедија предност за Ајнтрахт, а во 75 минута Koло Муани од пенал зголеми на 3:1. Енцо Миљот го намали резултатот шест минути подоцна.

Противник на Ајнтрахт во финалето ќе биде РБ Лајпциг кој вчера го елиминира Фрајбург (5:1). Финалето ќе се игра на 3 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

FOTO>twitter.com/Eintracht

ПретходноНекогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, а сега е најлошиот тренер во историјата на Англија!
СледноЛиверпул победи со спорен пенал, Сити сигурен против Вест Хем (видео)