Во масакрот во Белград убиена е и ќерката на некогашниот тренер на Ц. Звезда!

2840

Србија, Балканот, па и Европа и светот од утринава се во шок. Се слулчи вистински масакр во центарот на Белград, каде во едно училиште тинејџер уби неколкумина свои ученици и ученички.

Убиецот има само 14 години, истиот е приведен, а зад него сведочи крвавиот пир.

Како што се известува од Белград, меѓу убиените девојчиња е и ќерката на некогашниот тренер на ОК Црвена Звезда, Драган Кобиљски, кој сега работи во Романија.

За тоа што навистина се случило, свој коментар има Жељко Танасковиќ, некошната одбојкарска легедна, инаку зет на Кобиљски.

Сите сме во шок. Голема трагедија за сите нас, а посебно за Драган и неговото семејство. Јас и тој долго време се знаеме, штом ја дозна трагичната вест веднаш се упати кон Белград. Страшно, катастрофа за Драган“ изјави Танасковиќ.

ПретходноНа само 32 години почина некогашната светска шампионка на 100 метри!
СледноЃорѓевиќ: Партизан и Реал, вие сте мои, одложете го натпреварот… на никого не му е до радост и навивање!