Ембид се расплака од среќа (ВИДЕО)

204

Џоел Ембид е прогласен за МВП во НБА-лигата. Кошаркарот на Филаделфија до ова признание убедливо ги победи своите конкуренти, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо. Прогласувањето на најкорисниот играч за регуларниот дел, Ембид го гледаше заедно со своите соиграчи.

Откако го кажаа неговото име, соиграчите од Филаделфија веднаш рипнаа и го скандираа неговото име. Ембид оваа информација ја прими емотивно, дури се расплака од среќа.

Ембид оваа сезона бележи во просек 33 поени, 10 скока и 4 асистенции.

ПретходноЕнтони Дејвис како Шек, Лејкерси го урнаа првакот (ВИДЕО)
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА во април исплати фантастични 43.603.331,00 денари кај играчите!