Како што беше најавено, а попладне е и официјализирано, утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за мега – дербито во нашиот ракометен шампионат, на кое ќе се решава кој ќе биде шампион на Македонија, и тоа меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961.
Од Битола потврдија дека билетите за саботниот ракометен спектакл во салата “Боро Чурлевски“, ќе можат да се купат од утре после 16 часот. Еден биле ќе чини 200 денари, а едно лице ќе може да купи најмногу три билети.
Да потсетиме, дуелот меѓу Е.Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота во Битола со почеток од 19 часот.