Актуелниот македонски првак повторно виде мака против Кожув, но и овој пат излезе како победник од оваа битка. МЗТ Скопје дојде до втората победа (81-95) против гевгеличани во плеј-оф серијата и се пласираше во полуфиналето.
И овој пат избраниците на Александар Јончевски се покажаа како тврд орев, беа рамношравен противник во текот на целиот меч, а мала пад во игратата во последниот период беше пресуден за крајниот тек. Кожув се распадна во три минути, Дамјан со три тројки обезбеди широк пат на својот тим кон победата.
И овој пат македонските играчи беа лидери кај првакот, Војдан запиша 25 поени, Бојан Крстевски 23, додека 13 поени имаше Дамјан. На другата страна Гордон имаше 21 поен, Ризвиќ запиша 16 поени.
Гевгеличани водеа во третата четвртина со 57-53 во 25 минута, оваа позитива ја имаа уште неколку пати по што, на стартот на последниот период дојдоа на 65-69, па 65-71. На 5:30 минути до крајот, Кожув успеа да намали на 70-73, не ги искористи максимално сите грешки на противникот.
По ова следеше казна, Кук, Кефи, Бурсаќ и Дамјан го повлекоа МЗТ Скопје кон победата, зголемија на 72-88 на во 38 минута за крај на сите дилеми. Капитенот, Дамјан Стојановски во овој период постигна три тројки.