Вечерва се одиграа два натпревари од 28.коло на Премиер лигата. На „Енфилд“ екипата на Ливерпул го победи Фулам со 1:0. Единствениот гол падна во 39 минута откако пенал избори Дарвин Нуњез. Овој пенал предизвика бура од реакции на социјалните мрежи затоа што освен судијата сите се убедени дека Нуњез одлично го одглумил пеналот.
Мохамед Салах ја погоди мрежата и тој погодок го реши и победникот. За „Црвените“ ова е петта победа по ред во Премиер лигата.
Liverpool were awarded a penalty for this 👇
Penalty or no penalty? #LIVFULpic.twitter.com/Hmj9DKEt0C
— 101 Great Goals (@101greatgoals) May 3, 2023
А Манчестер Сити на свој терен со 3:0 го совлада Вест Хем. Сигурна игра, два гола и нова победа на „Граѓаните“ во походот по титулата. Резултатот го отвори Натан Аке во 50 минута по удар со глава по нафрлување на Марез.
Во 70 минута и Халанд се впиша во листата на стрелци, а Фил Фоден со гол во 85 минута ја завери победата.
Сити е лидер со 79 бода, еден повеќе од второпласираниот Арсенал со напомена дека „граѓаните“ имаат и меч помалку. Вест Хем е на 15. место, Ливерпул е на петтото, а Фулам на позиција број 10.