Младата репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот Тополица, Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени до 3:0 од домаќинот.
Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодоко за Црна Гора. На 2:0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3:0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.
Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна на 4 мај со почеток од 12. часот.
Македонија: Даниел Диковски, Максимилиан Димитриевски, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Алтин Нурединовски, Никола Манојлов, Давид Ристовски, Алији Аљтин, Матеј Гаштаров;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.