Поради трагедијата која што се случи утринава во Белград и масакрот во кој се убиени ученици во едно основно училиште во главниот град на Србија, мечот од плеј офот во Евролигата помеѓу Партиза и Реал Мадрид ќе се одигра под посебни околности.
Четвриот меч од оваа серија која во моментов е 2:1 за Партизан, ќе се игра без музика и без забавна програма која што е секогаш пропратен елемент на ваквите настани.
Но, и покрај шпекулациите дека натпреварот евентуално може да биде одложен, сепак, тоа нема да се случи. Мечот ќе се одигра во планираниот термин, утре со почеток од 20:30 часот.